Skip to main content

Мастер-клас со Никола Ристановски на програмата на „Дрим Шорт“ за вториот фестивалски ден

Покрај проекциите во Паркот на поезијата, вечерва ќе се проектираат и филмови од Студентската програма во Јуроп Хаус Струга. Од денеска е активно и катчето за Виртуелна реалност во кафе бар Дуќан, а од 18 часот во Јуроп Хаус Струга публиката ќе има шанса да се запознае и разговара од блиску со бардот на македонското и балканско глумиште – Никола Ристановски.

Програма за 8 август (петок)

Локација: кафе бар Дуќан 14:00 – 16:00 ВР Катче

Локација: Europe House Struga 10:00 Работилница за филмска критика Соочување со минатото 18:00 Мастер-клас со Никола Ристановски20:00 Студентска програма Мирис на свежа боја – Наѓа Петровиќ, 14′ Куче на позната личност – Јозо Шмух, 19′ Затворени очи – Викторија Хоберштајн, 10′

Локација: Парк на поезијата, Струга 20:30 Проекции на филмови Регионална програма 400 касети – Телија Петраки, 14’Меѓународна програма Лошо за момент – Даниел Соареш, 15’Специјална програма „Соочување со минатото“ Град на поети – Сара Раџаеи, 21′ Излез преку гнездото на кукавицата – Никола Илиќ, 19’Национална програма Мала шега – Трифун Ситниковски, 21′

Локација: Кингстон 22:30 ОФФ Музичка програма: Диџеј сет на Андреја Салпе

Поврзани вести