Skip to main content

„Mајка“ на Теона Стругар Митевска избран во Академската потесна селекција за 38. Европски филмски награди

Возбудливи вести за македонскиот филм! , соопштија од Агенција за филм на својот фесјбук профил.

Со огромна радост ви соопштуваме дека филмот „MAJKA“ во режија на Теона Стругар Митевска (Македонија, Белгија) е избран во Академската потесна селекција (Shortlist) на филмовите што се натпреваруваат за 38. Европски филмски награди !

Овие престижни награди, кои го слават најдоброто од европската кинематографија, ќе се одржат на 17 јануари 2026 година во Берлин, Германија.

На годинешната потесна листа се избрани 67 извонредни долгометражни филмови – 44 играни, 15 документарни и 8 анимирани. Со учество на 34 европски земји, оваа селекција ја истакнува разновидноста, креативноста и уметничката сила на европскиот филм.

Ова е голем успех за македонската кинематографија и уште едно признание за делото на Теона Стругар Митевска, која со „МАЈКА“ продолжува да го претставува нашиот филм на најпрестижните европски сцени.

Честитки до целата екипа на филмот!

Поврзани вести