Skip to main content
spnn07WYY8c

Филмот „Кокошка“ од први октомври пристигнува во кината во Македонија

Од 1 октомври, во кината пристигнува „КОКОШКА“, филмска приказна од 2025 година, во копродукција на Германија, Грција и Унгарија, со времетраење од 96 минути.

Раскажан од перспективата на една кокошка, филмот го следи нејзиното бегство и пристигнувањето во еден дотраен ресторан на грчкиот брег. Додека ги чува своите јајца, таа набљудува и тивко сведочи на сложените човечки животи што се одвиваат околу неа.

Преку оваа необична перспектива, „КОКОШКА“ носи приказна за луѓето, нивните односи и малите моменти што го сочинуваат секојдневието. Светот виден низ очите на една кокошка станува простор во кој човечките приказни добиваат поинаква, тивка и неочекувана димензија.

Поврзани вести