
Нова меѓународна награда за македонскиот филм „17“!
Актерката Ева Костиќ ја доби наградата за Најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал TOFIFEST во Полска за улогата во дебитантскиот игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ.
Филмот беше прикажан во главната натпреварувачка програма ON AIR Competition, а неговото фестивалско патување продолжува на Jerusalem Film Festival и Atlàntida Mallorca Film Fest.
Честитки до Ева Костиќ, Косара Митиќ и целиот тим на филмот!

Македонски



