Биографскиот филм за Боб Дилан под наслов „A Complete Unknown“ (Целосно непознат), во режија на Џејмс Манголд, доаѓа во Скопје. Во улогата на славниот пејач и писател е Тимоти Шаламе. На репертоарот на Синеплекс е од 23 јануари.
Филмот се снимаше во Њујорк. Во филмот, актерот ги доловува 60-тите, следејќи го подемот на младиот Дилан по неговото преселување од Минесота во Њујорк. Во филмот глумат и Ел Фенинг, Моника Барбаро, Ник Оферман, Бојд Холбрук и Едвард Нортон.
– Најдобрите филмови од вистинскиот живот никогаш не се „од лулка до гроб“, туку за многу специфичен миг, изјави Манголд во едно интервју.
Филмот се сосредоточува на она кога 17-годишен тинејџер со 16 долари во џебот доаѓа во големиот град и го запознава Вуди Гатри, кој починал од нервен слом. Момчето се среќава и спријателува со Пит Сигер, Џоун Баез и сите други луѓе кои се дел од неговиот живот.
На социјалните мрежи беше пофален гласот на 28-годишниот Шаламе, кој самиот пее во филмот, за што го ангажирал истиот тренер за глас и дијалект кој му помогнал на Остин Батлер во „Елвис“. И самиот Дилан го пофали филмот, уште пред да го гледа.