
Анџелина Џоли се трансформираше во легендарната оперска пејачка Марија Калас за биографскиот филм „Maria“.
На првите фотографии, 48-годишната оскаровка изгледа неверојатно облечена во облека како онаа која ја носеше Марија. Дел од костимите носени во филмот ќе бидат оригинални парчиња кои навистина биле дел од плакарот на покојната оперска пејачка.
„Марија“ е базиран на вистински настани и се најавува дека „ќе ја оживее бурната, прекрасна и тажна приказна“ за животот на една од најпознатите светски оперски пејачи, за време на нејзините последни денови од животот во 1970-те во Париз.
По „Џеки“за Жаклина Кенеди и „Спенсер“ за принцезата Дијана, чилеанскиот режисер се осврнува на животот на Калас. Ова ќе биде првиот филм на Лараин што ќе се снима во главниот град на Унгарија, чија архитектура често се користи како замена за Париз.
„Исклучително сум среќен што имам шанса да го завршам овој процес на прикажување на жените кои ја променија судбината на 20. век, културолошки гледано. Но, восхитувањето не е доволно за да се направи филм. Како што направив претходно и со Натали Портман и со Кристен Стјуарт, мојот процес на работа се состои во тоа дека ги слушам и ги следам. Не сум вешт да го сфатам ликот додека голема актерка – а во овој случај Анџелина – не го каже своето мислење. Да се направи ова со Анџелина, исклучително храбар и љубопитен уметник, е фасцинантна можност. Вистински подарок“, изјави Лараин за „Вараети“ во јуни годинава.
Моќната грчка пејачка, родена во Америка, е поврзана и со еден од претходните филмови на Лараин, бидејќи била во врска со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, кој се ожени со Џеки Кенеди, по смртта на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.
Џоли изјави дека многу сериозно ја сфаќа одговорноста да го прикаже животот и творештвото на Марија.
„Ќе дадам сѐ што можам за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Да се дозволи да се раскаже повеќе за приказната на Марија со него, и со сценарио на Стивен Кинг (кој исто така го напиша ‘Спенсер’), е сон“, рече актерката.
Таа се враќа после 13 години во Унгарија, каде го снимаше режисерското деби „Во земјата на крв и мед“.текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира