Skip to main content

Малолетници се обиделе да ограбат тетовец, тој го фатил едниот од нив

Freepik

Полициски службеници вчера во Тетово лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник.

Како што соопштува СВР Тетово, околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници од Тетово физички го нападнале М.Ш.(62) од с.Одри, тетовско и му одзеле пари.

62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда. Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот. Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул.„Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот, велат од тетовската полиција.

Малолетниците се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести