
Врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград, била фрлена бомба, објави „Курир.рс“. Полицијата и обвинител на Вишото јавно обвинителство спроведуваат истрага на лице место.
Здравко Чолиќ, во време на експлозијата, наводно спиел во куќата. Како што дознава „Курир.рс“, нападот се случил рано утрово, околу 5 часот наутро, но во полицијата е пријавен дури пред неколку часа.
Според неофицијални информации, во бомбашкиот напад нема жртви, но е предизвикана огромна материјална штета.

Македонски



