
Идеал Бенд Скопје не е само музичка група – тоа е движечка сила на младинската енергија, страст и креативност. Составен од млади, но веќе исклучително талентирани музичари, бендот прерасна во симбол на новата генерација музичари кои со почит кон традицијата создаваат музички искуства што допираат до сите генерации.
Со својот автентичен пристап и музичка разновидност, Идеал Бенд умешно ја обединува македонската традиционална музика со современи светски хитови. Нивниот репертоар нуди нешто за секого – од емотивни македонски песни до енергични интернационални нумери – создавајќи атмосфера која остава траен впечаток.
Бендот веќе е добро етаблиран на македонската музичка сцена, а покрај во Македонија, Идеал Бенд веќе има настапи и во странство, Бугарија, Црна Гора и други земји.
Проектот „Свадбарски Сплет“ – музика што обединува
Еден од најзначајните проекти на бендот е „Свадбарски сплет“ – музички потфат во кој се вложени месеци посветена работа и љубов кон македонското музичко наследство. Проектот претставува спој на добро познати свадбарски мелодии, преработени со современ аранжман и уникатен стил на изведба.
Овој проект претставува голем чекор напред за нашиот бенд. Нашата мисија е да ја негуваме и пренесуваме македонската музика на секоја свадба и прослава, и да создадеме моменти што ќе се паметат цел живот. Сакаме секој гостин да запее заедно со нас – од срце, со насмевка“, изјави саксофонистот Виктор Китановски.
Бендот е составен од шест исклучителни членови, секој со своја специфична улога и енергија. Шест члениот бенд е составен од Давор Кимовски, Илија Смилевски, Виктор Китановски, Кристијан Милошевски и пејачите Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска која свири и на виолина.
Овој музички спој на женски и машки вокал, инструменти со традиционален и модерен карактер, како и енергијата која секој член ја носи на сцена, ги прави Идеал Бенд единствени на македонската музичка сцена.
Димевски остави впечаток во ЅГ, Влинтовска победи на Валандово Фест
Пејачот на бендот, Дамјан Димевски, македонската јавност го памети како учесник во регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд во сезоната 2021/2022 година, кога во текот на натпреварувањето стигна до шестиот круг.
Влинтовска пак, беше победник на 37. издание на фолк фест „Валандово“ со песната „Темјана“.
Идеални моменти за секоја прилика
Идеал Бенд се стреми да биде повеќе од изведувач – тие се креатори на атмосфера, било да се работи за свадби, прослави, фестивали или приватни настани. Нивната музика е мост помеѓу генерации, култури и емоции.
Со цел да се продолжи и пренесе македонската музичка традиција на новите генерации, бендот неуморно работи на нови проекти, аранжмани и настапи кои се во чекор со времето, но секогаш со корени длабоко всадени во народната музичка историја.