Skip to main content

Лепа Брена, Жељко Самарџиќ и Слаткар со голем бесплатен спектакл во Крива Паланка

Општина Крива Паланка најави голем бесплатен музички настан. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи едно од  најголемите музички имиња на Балканот – Лепа Брена.

Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера.

Истата вечер пре публиката че настапи и популарниот пејач Жељко Самарџиќ, како и македонскиот рапер Слаткар.

– Со огромна радост, драго ми е лично ве поканувам да бидете дел од вечер исполнета со врвна музика, позитивна енергија и незаборавни моменти, порача градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Тој истакна дека овој настан е уште една потврда дека градот прераснува во препознатлив центар на големи културни и музички случувања.

Поврзани вести