
По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски“, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.
Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа. Со својата посветеност и искреност, Влатко успеа да ја издигне македонската народна песна на едно ново ниво. Симболично, токму тој го постави историскиот рекорд и стана првиот фолк пејач од Македонија кој настапил на Античкиот театар во Охрид, со што ја впиша оваа вечер во златните страници на македонската музичка историја. А сега, Влатко повторно пишува историја. Токму тој ќе биде првиот фолк уметник што ќе настапи во арената „Борис Трајковски“, доказ дека вистинската емоција секогаш го наоѓа патот до најголемата сцена.
Концертот во арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет со најголемите хитови од неговиот репертоар, но и со нови музички изненадувања. Во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, оваа вечер ќе биде вистинска музичка магија, каде звукот на тапаните, кавалите и гласот на Влатко ќе се спојат во моќна симфонија што ќе ја разбуди секоја емоција кај публиката. Влатко Миладиноски не е само пејач, тој е гласот на едно време, симбол на постојаност и пример дека уметноста не се создава за трендови, туку за вечност. На 28 декември, под светлата на арената, ќе се роди уште една страница во историјата на македонската музика, страница што гордо ќе го носи името Влатко Миладиноски.

Македонски








