Музичаро Канје Вест и неговата девојка Бјанка Ценсори беа изнесени надвор од доделувањето на „Греми“ наградите со полициска придружба, откако таа на црвениот тепих го соблече палтото и позираше целосно гола.
Триесетгодишната дизајнерка, која и претходно привлекуваше внимание со провокативните изданија, носеше целосно провиден фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги шокираше присутните и корисниците на социјалните мрежи.
Бјанка на почетокот самоуверено помина низ тепихот облечена во бунда, но потоа драматично го фрли и им го откри својот гол задник на фотографите.
Таа се сврте за да го покаже голото тело, додека Вест – кој беше номиниран во категоријата за најдобра рап песна – мирно зјапаше во нејзиното голо тело за време на инцидентот со јавно изложување.
Blink twice if you need help 👀#KanyeWest #BiancaCensori #YE #GRAMMYS2025 #Bianca #GrammyAwards #Grammy pic.twitter.com/uB2vk8WCaj
— RyuPixel – 竜ピクセル (@RyuPixelAi) February 3, 2025
Според Дејли Мејл, Ценсори и Вест набрзо биле замолени да го напуштат настанот и биле придружувани од полицијата.