Дали Кардашијанките знаат да разликуваат реалност од шоу-бизнис? Дали постои граница на нивната луда желба за гледаност?
Сестрите Кардашијан секогаш се обидувале да шокираат, бидејќи тоа најмногу го продава нивното реално шоу. Но се прашуваме дали во овој случај важи изреката: каде што има чад, има и оган?
За Клои Кардашијан се пишуваше сè и сешто, а таа речиси никогаш се нема побунето. Додека постарата сестра во кланот Кардашијан, Кортни, успешно се извлече од реалното шоу, Клои дозволуваше да се пишува сешто за неа, заради подобра гледаност.
Трачот што со годините кружеше и никогаш не стивна е тоа дека го одвела родениот брат Роб во својот брачен кревет и тоа дека се „сплеткала“ со зетот Скот Дисик.
Додека беше во брак со кошаркарот Ламар Одом, Клои имаше свое реално шоу кое го прикажуваше нејзиниот брачен живот. Но на сите им беше бизарно кога дома го доведе братот Роб, кој по цели денови спиеше со неа и Ламар во брачниот кревет.
Подоцна се дозна дека Ламар бил на сериозни дроги, додека Роб бил во тешка депресија. Сепак, публиката го согледа лудилото во куќата Кардашијан-Одом, додека Клои продолжуваше да го охрабрува тоа лудило. Дури кога Ламар јавно ја изневери, таа одлучи да се трансформира, да ослаби, да покрене своја линија на опрема за вежбање, да го истера братот од дома и да живее свој живот. Сепак, до денес нема пронајдено среќа во љубовта.
Неодамна во својот најнов подкаст „Клои во земјата на чудата“ го угости поранешниот зет Скот Дисик.
Скот е поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, со кого таа има три деца. Со оглед на тоа што Клои и Скот со години беа неразделни, се шушкаше дека тие двајца се сплеткале. Но во оваа пригода, Дисик и Кардашијан раскажаа дека светот би ги уништил кога навистина би се сплеткале:
„Лудо е тоа што ќе нè уништеа да бевме навистина заедно. Но за две недели повторно би се вратило сè по старо. Тоа е психотично“, рекол Дисик.
Во 2023 година Крис Џенер изјавила дека Скот бил вљубен во Клои:
„Скот е вљубен во Клои, но тоа е како вљубеност помеѓу брат и сестра, кога тој те гледа и ти се восхитува“, рекла Крис.
Клои ја прекинала со зборовите:
„Не е тоа работата. Не постои таква љубов меѓу брат и сестра освен ако не живеете во држава каде што инцестот е легален, а ние не живееме во таква земја.“