Skip to main content

Цела југословенска естрада дојде да го испрати Халид Бешлиќ: Eдно столче на комеморацијата остана празно

Денеска се одржува комеморација за Халид Бешлиќ, на која пријателите, колегите и публиката ќе зборуваат за неговиот живот и музика. Молитвата за покој на душата ќе се одржи во харемот на џамијата Гази Хусрев Беј околу 13:30 часот. По молитвата, жалната поворка ќе се движи низ градот – низ Ферхадија, потоа по улицата кон Вечниот оган, па сè до градските гробишта Бара, каде што погребот е закажан околу 15:00 часот.


Синот Дино Бешлиќ дојде во Народниот театар со своите деца и сопругата, а до него имаше празен стол на кој беше напишано името на вдовицата на Халид Бешлиќ, која не дојде на комеморацијата.

Жељко и Јована Јоксимовиќ пристигнаа на комеморацијата. Жељко, кој имаше дует со Халица и соработуваше со него, деновиве, како што ни кажа, будел спомени и му е многу тешко. Пристигнаа и Халид Муслимовиќ, Расим Љајиќ, Хари Верешановиќ

Шериф Коњевиќ, Дејан Матиќ, Саша Матиќ, Зијо Валентино, Хана Хаџиавдагиќ, Марко и Никола Роквиќ, Николина и Саша Капор, Јасна Госпиќ, Џала Брат, Чеда Јовановиќ, Неда Украден, Аца Пејовиќ, Селма Бајрами, Сале Лексинтон, Жељко Самарџиќ. Жељко Митровиќ, Енис Бешлагиќ, Слаѓа Мандиќ, Бобан Рајовиќ, Харис Џиновиќ..

Поврзани вести