
Тимот на „Пасворд продукција“ деновиве беше многу активен, особено во странство каде што учествувале на повеќе музички конференции а со тоа нивните потврдени фестивали и активности добија други димензии…
Годинава ни започна со гостувања на тимот на Пасворд на повеќе музички конференции ширум светот, а прво во низата ни беше учеството на 40. издание на славната ESNS во Гронинген, Холандија, каде што имавме исполнета агенда.
На овој настан посебно задоволство беше да се види нашиот Д Фестивал во финалната селекција на 10 најдобри во Европа во категоријата за НАЈДОБРИ МАЛИ ФЕСТИВАЛИ, во која наградата припадна на Dynamo Metalfest. Честитаме!
Учествувавме на генералниот состанок на Yourope – Европската асоцијација на фестивали и на активностите поврзани со Еuropean Talent Exchange програмата.
Од нашиот тим, Наде учествуваше на панел на кој се отвори темата за организирање турнеи низ Балканот и Југоисточна Европа, а Огнен зборуваше за европските фестивали денес и во иднина, претставувајќи ги нашите Taksirat и Д Фестивал.
Како и секогаш, ESNS успеа да ги собере на едно место сите луѓе од музичката индустрија, кои низ годините ни станаa колеги или другари, и да ни направи добар микс на култура и музика за полнење батерии и стартување на уште подобра и поуспешна 2026 година, напишаа на нивната страна на Фејсбук.

Македонски




