
Синоќа во салата на Филхармонија се одржа првиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Тоа тоа веќе го имаше искусено со проектот „Македонијо во срце те носиме“ но тоа можеби беше само мала увертира за сето она што синоќа ни го приреди…

Со сигурен сценски настап и силна вокална интерпретација, Скендеровски се претстави во едно поинакво, подлабоко и поинтимно светло, отворајќи ја својата уметничка приказна пред публиката. Репертоарот беше внимателно осмислен и ги спои песните кои го обележаа нејзиниот досегашен пат со нови емоционални моменти, создавајќи концертна целина што ја држеше публиката во целосно внимание од првиот до последниот тон.


Синоќа доживеавме еден убав професионален концерт, без никакви сензационалности бидејќи музиката беше во прв план…Гости на концертот беа Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска.


Македонски






