Skip to main content

28. „Златна бубамара на популарноста“ под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“

На 19 февруари во Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 28 издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

Најпопуларната манифестација на домашната сцена, Златна Бубамара на популарноста 2025 – нестрпливо ги очекува сите заинтересирани на своето следно 28-мо издание, закажано на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“ и годинава ги обединуваме најинтересните и најазабавните изведувачи во најголемото шоу, создавано на внимателно набљудување на годината со многу хумор и со одлична музика. Во жесток ритам и со околу 100-ина учесници од земјата и од регионот, и годинава размислуваме за вештачка интелигенција и се смееме на природната глупост – заедно, стои во најавата за манифестацијата.

Првата церемонија и инаугурација на шоуто се одржала во 1997 година од страна на организаторот Ранко Петровиќ. Од тогаш „Златна бубамара“ се одржува секоја година, а публиката ужива во музичките точки, сценси настапи, и хуморот на сметка на социо-политичката состојба и другите секојдневни настани во земјата.

Традиционално ќе се доделат награди за најпопуларните дела во повеќе категории поврзани со македонската популарна култура, вклучувајќи достигнувања во музика, филмови, спорт, ТВ-емисии и танц….

  • Инклузивна танцова претстава
  • Најпопуларна детска ТВ емисија
  • Песна за век и векови
  • Пејачка на годината
  • Хит на годината
  • Спортски подвиг
  • Трајни музички вредности
  • Театарска претстава
  • Глумец на годината
  • Глумица на годината
  • Најпопуларна регионална пејачка
  • Животно дело во областа на музиката
  • Трајни музички вредности во етно музиката
  • Меѓународна награда за животно дело
  • Концерт
  • Животно дело во областа на филмот
  • Награда за прва труба
  • Најголем интернационален успех
  • Амбасадори на македонската култура
  • Спортски успех
  • Музички Продуцент
  • ТВ глумица
  • Најпопуларна ТВ Проект
  • Трајни музички вредности во рок-музика
  • Трајни музички вредности
  • Пејач на годината