Skip to main content

Сите чудовишта на Зоран Заев – гној на македонското општество

“Секој организам има свои екстремитети и треба да ги чувме, но понекогаш тие заболуваат и заради опасноста да го уништат организмот, потребно е да се отстранат за да се спаси истиот.“

Abraham Lincoln

Ние сме организмот. Народот е организмот, МАКЕДОНИЈА е организмот.
Токму затоа, најсветиот наш организам МАКЕДОНИЈА е поважен дури и од нашите лични, всушност екстремитетите како дел од општествениот систем што мора беспрекорно да функционира.


За тоа да се случи ние, поединците, мора целосно духовно и телесно да останеме здрави и како неопходни делови од комплексното функционирање на организмот заеднички, во кој што живееме, работиме, се радуваме, растеме, создаваме и оставаме сетнина, треба максимално да бидеме свесни за нашите високо морални, етички и патриотски и родољубиви вредности, да ги негуваме и ставаме на располагање, за правилно функционирање на нашиот заеднички организам, топол дом за сите, нашата татковина, Македонија.


И, да бидам искрен. Пресреќен сум и верувам во позитивна критична маса што ја гледам кај граѓаните на Република Македонија, заеднички организам за сите луѓе, што демонстрира таква одбранбена моќ и имунитет да го сочува она што го создала и верува во уште подобро.


Организмот, Македонија е несебична и дарежлива, како вистинска грижна мајка, дава шанса на сите свои мили чеда, без протекција и со еднаква стартна позиција за секого.


За жал, често и самата останува запрепастена од предавствата, неблагодарноста и комплетно изневерените очекувања што ги посакувала за возврат , и тоа не за себе туку токму заради самите нив.


Задоволството еруптивно надоаѓа, вербата расте, луѓето сé повеќе се осмелуваат кон повисоки дострели, од стереотипите бегаат сите, среќна иднина ни се насмевнува, не како од Господ предодредена, туку како плод на работата и љубовта кон Македонија, од една исклучително надарена и лојална генерација предводена од Христијан Мицкоски како Премиер на Влада, посакувана и подржана од секого.


Кога велам од секого, секако мислам на комплетно здравит организам, здравите екстремитети и ткива што заеднички ја сочинуваат нашата препознатлива македонска ДНК.


Нема да набројувам колку и какви чудовишта за овие седум години ни остави Зоран Заев. Ќе ми треба можеби и цела трилогија од Толстој.


А, тука и факторот пристрасност. Затоа, оставам природно-општествените реални процеси во државата, постпешувани од знаењето, умеењето и менаџирањето, сиот гној на ова од нив унесреќено општество, биде отстранет од заболениот организам.


Тоа се случи. Македонија повеќе не е болна. Здрава и бодра како никогаш досега. Спремна на секаков предизвик, незапирлива во решителноста за уште поздрава и позаштитена од чудовиштата со ограничен рок и опстанок.
Олеснителна околност е што чудовиштата се лесно препознатливи и нивните зли намери веднаш може да се неутрализираат, секако ако за тоа има волја.


Имено, главна нивна одлика е што:
Кога сите тагуваат, тие се радуваат.
Кога сите се радуваат, тие завидуваат.

Затоа, сега, кога Македонија се радува, во остатоците од остатокот Зоран Заев проклуча злобата, гневот, бесот и најмногу зависта, во нивниот самоубиствен поход кон негирање на постигнатото од нив ПОИНАКВИТЕ. Интензитетот на таа омраза е толку голем што е јасно од каде таква жестокост.


Не можете да бидете како НИВ.


Законот за гравитација, многумина мислат дека е само природен закон. Не, тој е закон што важи и во општествениот живот.


Големината на чесноста што владее на радост и среќа на сите во Македонија, ги привлекува кон себе со својата магична гравитација сите честити и добронамерни кон себе.


Останатите, малубројни, тешка периферија, немоќно крајно неконтролирано се прпелка во сопствениот пепел, што го остават духовно горејќи, некои од инат, други од злоба, трети од завист, сите заедно од сé наведеното.


Кибернетиката е наука што објаснува сé. Само треба да ја разбереш.


Процесот на создавање на благородни добра во служба на ЧОВЕКОТ со здрави производи кои заради нивната употребна вредност мора да биде чиста, се ослободува од непотребното: ШКАРТ и ЗГУРА.


А, каде завршуваат тие, на сите ви е познато.


Сепак за некои има надеж.


Со вешта високо научна примена, со сепарација и рециклажа можеби и од тоа нешто може да има корист.
Но, сепак, тие се субпроизвод што единствено може да послужи како гориво.


Таква е судбината на АПОЛОГЕТИТЕ.

Поврзани вести