Skip to main content

Се бришат вештачките граници и делби во МАКЕДОНИЈА

Радуј се МАКЕДОНИЈО, невесто небеснаја!

Ова се свети денови, доминантно се посветени на Пресвета Богородица и во тој свечен дух ќе ја започнам оваа колумна.
Пред многу години бев во посета на сојузната држава МЕРИЛЕНД, САД на еден многу значаен настан на кој што свое обраќање имаше шефот на Пентагон, а го започна мошне импресивно со една стара индијанска поговорка која вели, цитирам: „Најубавите работи се случуваат тогаш кога два или повеќе оддалечени брегови почнуваат да се приближуваат.“, завршен цитат.


Сé понатаму во продолжение на текстов ќе биде во духот на ова исклучително значајна поговорка со прекрасни пораки и поуки.


Затоа прво ќе се обратам до Тебе војводо Христијан со огромна благодарност, бидејќи ни за милиметар на отстапуваш од патот на обединување на сите заедно, подеднакви. Твоите безвремени мисли:

“Не му земајте сонот на народот“
“Нема назад“
вечно ќе одекнуваат во главите на сите нас, ехото бесконечно ќе се слуша и повторува, одекнувајќи се и одбивајќи од планините, ридовите, кањоните и клисурите, по долините, ќе се пренесува по реките, езерата и морињата, и ќе татне кога е и најголема тишина.

Од тука, ние среќниците кои имаме прилика да бидеме со Тебе засекогаш остануваме и ти порачувам лично јас по вторпат.
Ако тргнеш дома да си одиш и застануваш на секое куче што ќе залае никогаш нема дома да стигнеш.
Така правеше до сега, така сум убеден ќе правиш секогаш, за доброто на Македонија и сите нејзини граѓани, рамноправни со еднаква стартна позиција.

Како и зошто сум убеден во бришењето на вештачките граници, без да се прашаме ние што ја поседуваме ТАПИЈАТА и присилно спроведените делби, родители и деца, браќа и сестри, комшии, другари, пријатели, соученици и сите со кои сме се дружеле и познавале.

Еве како: Деновиве прочитав една модифицирана библиска вистина, која е многу слична и во Куранот и Талмудот, има иста содржина и порака но со мали нијанси различност ради околностите.

Затоа се определив за модерната верзија:
Некој си успешен бизнисмен се враќа дома доцна и синчето радосно го дочекува со молба да си игра со својот татко.
Таткото, опседнат со други мисли апсолутно неоправдани, зграбил една карта на Австралија со сите нејзини острови околу неа ја искинал на многу, многу ситни парчиња, па му ветил на синчето дека ќе игра со него од кога повторно малиот ќе ја состави сликата, картата.

Со огромно чудење, запрепастен таткото, само после десетина минути ја видел повторно сликата идеално составена.
Сомничаво го прашал како му успеало тоа, на толку малечко дете.

Од задната страна на сликата имаше ЧОВЕК, него го направив и сликата, картата на Австралија сама се направи.
Од кога човекот ќе го направиш ЧОВЕК се понатака е лесно изводливо.

Е, па, драги мои читатели, работилницата на ВМРО и сега во ликот на ВМРО-ДПМНЕ е посветена и со помош на врвни мајстори, сериозни проекти и извонредно избрани човекови ресурси е најголемиот производител на поединци и групи кои им се неопходни на македонскиот народ и на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги препознава таквите синови, ги изградува, доградува ги наоружува со најмоќното оружје, неуништливо, патриотизам и родољубие, спремни за на век да им служат на КАУЗАТА и ги препорачува на Македонија, а таа убедена во вистинските идеали внедрени во нив, ги прифаќа за свои засекогаш.

Никој не е случаен, нема незаслужен, нема погрешка ниту сомнеж во финалниот производ, заштитен знак што излегол од работилницата препознатлив кај нас и во светот, единствен, уникатен, посветен трибун кој што нема да изневери никогаш.
Врвната идентификација на Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници, се ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА и сите граѓани на нашата заедничка татковина и тоа е тоа што е вечна гаранција за опстанок, пристојна сегашност но и блескава иднина.

СОЛУНСКА ГЛАВА, врвот, мојата вечна опсесија. Од таму, на врвот, на над 2500 м надморска висина, до кај што досега погледот се гледа МАКЕДОНИЈА. Според географите и оптичарите, пред тебе, зад тебе, лево од тебе и десно од тебе, при бистро небо се гледа на 200 и 300 дури и 500 километри далечина.

Некаде ќе забележиш осамени стари разурнати гробови напуштени, сведоци на страдањата на невини жени, деца, пред тебе силни жртви и саможртви но и јасни заветни пораки, дека ни една жртва не е ЗАЛУДНА, десно од тебе легенди блиски до вистината, лево плач но и НЕПОКОР, на сите страни исти песни, препознатлив фолклор, локални дијалекти но апсолутно разбирливи зошто се од нашиот заеднички македонски јазик, кореографии на ора што сите знаат да ги играат, исти приказни, заеднички празници, униформирано изградени цркви, шарени шамии, носии колоритни какви нема никаде.

Сега зошто? Зошто Да не кажувам дека сум јас нивен тие мои, сите заедно ИСТИ.
Да бидам кристално јасен.
Не бараме територии но сакаме проодни патишта до своите, не нудиме наши униформи, ама бараме реформи за докажување, потврдување и признавање на нашиот исконски идентитет.
Нема да наметнуваме историја но сакаме почитување на вистината.
Не сме за никакви енклави ама сме за целосно интегрирање и рамноправност.
Правото на самоопределување е тоа што е нешто општо озваничено право на секој човек.
Со еден збор кажано. Ништо не бараме што не ни припаѓа, само бараме она што ние го даваме.
Има држави кои даваат малку, други повеќе, некои многу, има и такви кои нудат уште повеќе, но само Македонија дава сé. Затоа со право и бараме, зошто даваме и без да се побара од нас. Тоа е симболот на еднаквоста и праведноста на човештвото.

Само вака заеднички помирени и силни сите заедно:

синови на Александар Македонски, ученици на Свети Климент, војводи и команданти, комити и партизани, егзархисти и патријаршисти, врховисти и автономисти, леви и десни, поранешни и сегашни, добронамерни сите со заеднички именител МАКЕДОНЦИ за својот народ, за сите граѓани и за МАКЕДОНИЈА.

Поврзани вести