
А, некогаш бевте партија. За волја на вистината и тогаш нивото на патриотизам и македонштина не ви беше на достоинствена и неопходна висина, но барем не бевте она што сте сега и што е видливо и од Месечина: ПРЕДАВНИЦИ, ОПШТА ОПАСНОСТ по својот народ и Татковина.
Во една своја колумна од пред 8 години, детално образложив што и каков помор ги очекува МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНИЈА со вас.
Тоа беше повеќе апел и молба до сите граѓаните да не се дава власт на луѓе кои што не го слушаат ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, впрочем така и гласеше насловот.
Далеку од тоа да се замислувам пророк или гатач на карти, дланка, кафе, но за жал дотогашното искуство со надојдените во СДСМ и нивната разурнувачка офанзива против народот што започна уште недојдени на власт, непогрешливо галопираше со неразбирлив уништувачки порив против своето, комплетно се разголи и излезе на виделина.
Сигурно, секојдневно посилно од ден во ден, безобзирно до крајни граници, верно слугувајќи им на душманите наши, својот крастосан дух немилосрдно го трениравте врз МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, како ТОЈ, МАКЕДОНЕЦОТ небаре е полигон за испитување на нови, по вас СДСМОВЦИТЕ, методи за нанесување рани на и до сега скоро до крај исполнето тело со лузни од минатото. Цврсто и решително до крај да не оставите здраво делче од ткивото на кое вие сега одметнатите припаѓавте.
Епилогот е јасен. Од секогаш било така. Од искон до денес.
Еве каде сте денес. Бевте забревтани, мислевте нема кој да ве сопре, ѕвездите ги ставивте под своите смрдливи предавнички нозе. Ама тука се сопнавте.
Народот кој што вие не го признавате, не го ни познавате. МАКЕДОНИЈА за среќа, кога се во прашање ѕвездите, синови ѕвездени МАКЕДОНЦИ, нејзиното мајчино млеко НЕ СЕКНУВА, задоила, дои и ќе дои вистински чеда благодарни што знаат кого и кога да благословуваат.
Колострумот на нашата мајка блика со состојки кои го хранат патриотизмот, родољубието и слободољубието. Против такви нахранети МОМЦИ немате шанса.
Основна и најголема грешка ви беше што мислевте дека гладниот дух и полниот стомак ќе ги победат гладниот стомак и полниот дух. Глупост. Стомакот постојано се храни и троши, а додека духот постојано се надоградува и расте.
Вие сте толку самобендисани, самопрогласени умници што никого не слушате и глупаво е да очекувам дека нешто од ова ќе разберете. Знам, само пцовки и навреди ќе испорачате, ама за мене комплименти, затоа што ова што го пишувам не е наменето за вас кои што не разбирате. А, знаете кога ќе разберете?
Некои луѓе однапред знаат што ќе се случи во иднина, повеќето ќе дознаат тогаш кога нештата ќе се случат.
Е, сега нештата се случија, се надевам дека и најтупавите разбраа.
Затоа излезете ЧАРШИЈА, најголемиот и најквалитетен Универзитет со сите факултети да слушнете, да учите, уште помалку, да научите, ама не можете. Доцна е! Немате претшколска и школска подготовка за овие животни искуства што човекот го прават ЧОВЕК.
Ги пропуштивте сите прилики што ви беа дадени. Не искористивте ниедна. Сега како луѓе да сте живи и здрави и вие и вашите семејства, но политички ќе исчезнете.
Вие сакате да нé пренесете во светот на исчезнатите комплетно, сте го докажале тоа многупати во подамнешно и поблиско минато.
Ние не. Ќе се грижиме за сите вас еднакво како и за секој граѓанин. Можете и понатака и политички да се организирате. Ние сме демократи. Но, токму таа најзначајна непроменлива константа во нашиот координативен систем во кој што сме сите вградени не ни дозволува да простуваме и толерираме ПРЕДАВСТВО.
Напротив, Со сите демократски, уставни и законски средства ќе ве санкционираме, политичкото предавство ќе го елиминираме, а вас ќе ве оставиме да уживате со полните стомаци и празен дух, зошто очигледно е дека среќата ја гледате во полните стомаци и празна ТАТКОВИНА.