Skip to main content

Римејк на „Балот на вампири“ од ЗОКИ – ДРАКУЛА

А бе, вампиришта едни, пу…пу…пу… НАТЕ МА ВЕ, уште ли не се наситивте цицајќи ја крвта на својот народ.
Кој е тој порив што ве прави толку агресивни, та своите зли очници по темни ноќи да ги забивате во вратовите и се насладувате со животворната течност на своите комшии, другари, пријатели, познати, непознати, млади, стари, учени, важни, помалку важни… сите со заеднички именител од вас само прогласени непријатели само затоа што не се со вас, вампиришта низаедни, и не сакаат да учествуваат во обескрвеност на својот народ.

Ти главниот, Дракула, малу ли ти беше што од корен сакаше да го обесчестиш и обезглавиш македонскиот народ, па сега грижлив одгои млади вампирчиња кои така ги имаш воспитано, да те надминат тебе грофот Дракула и дефинитивно до крај да ја уништат младата девојка убавица МАКЕДОНИЈА, но за вас ништо значајна, освен една овој пат капитална жртва на вашата незапирлива страст за туѓа крв, но за ваше враќање.

Заборавате вампиришта едни, МАКЕДОНИЈА секогаш е млада девојка токму заради тоа што нејзината моќ за обновување е неуништлива.

Погледајте денес во светот МАКЕДОНИЈА е единствената држава која од својот прапочеток го има задржано истото име.
Знаете зошто?

Затоа што ова од искон до денес, Македонија што вие не ја познавате ниту признавате, секогаш се потпира на љубовта, силата и моќта на своите верни чеда, бестрашни во борбата да ја обноват, сочуваат и изградат во топол дом за сите.
А, вие што милувате темнина, студенило и осаменост дружете се, дење спиете во лакирани ковчези од махагони со кадифени постави, жарко црвени за да ја одржуваат вашата жед за крв од своите браќа и сестри асоцирајќи на бојата на благородната и честита нивна крв, за навечер под полна месечина со наострени трипати зголемени заби излезете да се напиете, само за да останете вие вампиришта живи, без да се завртете зад вас каков пустош и колкаво зло сте направиле.
И што е најважно. Не сте и способни вампири, сами не можете да ти отворите занданите, ковчезите во кои уживате во амбиентот што сами си го избравте, мрак, зло и неволја, па морате пак да побарате асистенција , помош од надвор, така што младите вампирчиња лажно се преоблекуваат во ангелско руво и даваат ветувања трампајќи го својот народ за себе си неколкумина.

Вампиришта, треба да знаете, МАКЕДОНИЈА има доволно крв и да ја пролева низ вековите за својата слобода и вечен опстанок, но и за обезбедување на својата среќна иднина.

“ЗА ВАМПИРИ, НЕМА!“
МАКЕДОНИЈА е миленик на ГОСПОД. ТАА е негова творба. Направена е од Неговата Десница за луѓето на овоземниот живот, да знаат да направат разлика за тоа како треба да живеат и да се однесуваат на земјата за да го заслужат Рајот. Не е бадијала кажано и запишано.


Кој не чул за МАКЕДОНИЈА тој не се ни родил ниту живеел.
Македонија, денес е во сигурни раце, нејзината иднина е светла, спремноста за подобро е видлива, жестокоста да се одбрани никогаш поенергична и силна, сé што облагородува е во рацете на народот силно зграпчена без намера да се испушти.

Никако на ноќните јавачи на апокалипсата како што било досега во времето, кога низ нашава татковина времено, зли вампири кога нашата убава МАКЕДОНИЈА ја претворале во Замокот БРАН општо познат како “Замокот на Дракула“.
МАКЕДОНЦИТЕ се БОЖЈИ ЧЕДА, тие знаат како да живеат богугодно. И понатака така ќе живееме и ќе се браниме.
И розата е цвеќе ама има трња да се одбрани.

Со ангелска љубов, силна порака од Серафимите и силата на Херувимите на наша страна ќе се одбраниме.
На наша страна е праведноста. Никогаш, ама никогаш нема да прифатиме да бидеме како вас, не дај Боже, кои вашите крвожедни заби ги забивате во нежните невини вратови, а пак ние да возвратиме со тоа што здрав дрвен колец ќе забиеме во вашите срца, ако воопшто ги имате.

Нашето оружје, единствено што го имаме и користиме е СВЕТИОТ КРСТ.

Поврзани вести