
Тројца осведочени државокрадци, во конкретниов случај рибокрадци, без дозвола ловеле риба цел ден без успех, за пред заминување тројцата Зоки, Таче и Венко да ти фатиле една златна рипка.
Рипката веднаш им рекла дека ако ја пуштат ќе им исполни три желби за МАКЕДОНИЈА, па тројцата ја испржиле златната рипка.
Ја испрживте, ја чуросавте и пеплосавте МАКЕДОНИЈА.
Гревовите што и ги нанесовте ниту се бројат, ни запишуваат, ама вечно остануваат сите до еден врежани длабоко во колективната меморија на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,
Како што често укажувам дека проклетството на совеста кога тогаш безмилосно ќе го стигне секој што се огрешил, некого порано, некого подоцна, но без куртул кон никого.
Ве стигна, ве нападна со сета сила и моќ сразмерно, правопропорционално на големината на вашите гревови. Свесни сте за тоа. До душа, не сами од себе!
ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ве разоткри, ве претстави со сета ваша црнила и ви предизвика ТЕЖОК СТРЕС врзан пред сé за вашата несигурна и неизвесна судбина, а не за некои си поголеми вредности и мотиви за вас непознати.
И, нормално, после тоа следува единствената вистинска дијагноза како последица на СТРЕСОТ – АНКСИОЗНОСТ.
Долго време и сé посилно и посилно ги исполувате сите симптоми познати од оваа болест: паника, терор, неконтролирани изливи на бес, негрижа, себичност, тешки немири до степен на растројства, лажни, невистинити и бесмислени агитации, несвесни повторливи чести и многу често однесувања, ирационални ставови за решавање на било каков проблем, од наједноставен до највисок патриотски и родољубив чин.
Овој притисок, вие есдесовците не можете да го издржите, за брзо станувате немоќни да се носите со овој товар, а не да решавате проблеми од широк општествен интерес.
Сето тоа води кон единствен можен и целосно потврден епилог низ историјата на човештвото:
Вие сте опасен елемент за целиот човечки поредок, во конкретниов случај за комплетното општество во МАКЕДОНИЈ
За среќа, `рѓата што ја носите во себе не може да го зафати не`рѓосувачки благородниот елемент од кој е изграден НАРОДОТ, па тој ве смести во карантин без да можете да се ширите и инфицирате благородните идеи и чувства кај секој честит човек.
Заради сево ова ви преостанува единствено да одете до “Пластичарска“, купите една слика, евтин плагијат од познатата слика на МУНК – “КРИК“, да ја обесите во вашите простории и да потврдите дека крикот на немоќта е вистински и повеќе да не го залажувате вашето членство.
А, плагијатот евтин одговор на вашата еве веќе подолго време – трајна состојба на тежок плагијат на вашата некогашна партија.
Господине претседателе ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ! Вам и на ВМРО-ДПМНЕ ви благодарам, тргнувајќи смело во одбрана на возвишените цели и дострели неопходни за сочувувањето на нашата татковина МАКЕДОНИЈА со вашата посветеност оправдано и неопходно го предизвикавте СТРЕСОТ кај непријателите на НАРОДОТ ги направивте АНКСИОЗНИ и ги онеспособивте, да ги распродаваат врвните атрибути што ја докажуваат посебноста на мојот благороден, солидарен, благочестив и бескрајно праведен НАРОД.
Ваква ментална снага, надмоќ, љубов, патриотизам, родољубие, праведност, одбрана, чест и претставување досега не е забележано подолго време кај нас и во светот.
Ова е долгоочекуваната и посакувана РЕНЕСАНСА НА МАКЕДОНСКИОТ ДУХ сеопшто прифатена, видлива, цврсто зграпчена во цврстите прегратки на сите граѓани, запечатена и зачувана за век и веков како единствена МАКЕДОНСКА СУДБИНА.
Судбина која што за жал не ни беше однапред предодредена од некого, туку е плод на залагањето во остварувањето на сите возвишени цели на сите нас предводени за среќа од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кој што со невидена скромност, елеганција, питомост но и цврста и непоколеблива решителност да ги оствари сите соништа на својот народ, при тоа ништо да не задржи за себе освен тоа најблагодарното:
Тоа што несебично му го подари на МАКЕДОНИЈА.
На крај, ќе помине извесно време. Историјата е единствен вистински сведок за настаните и личностите што ги демантира лагите и самопрогласените лажни големини.
Едно е сигурно – ИСТОРИЈАТА во МАКЕДОНИЈА еден величествен период од борбата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе го подели на пред и после доаѓањето на ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

Македонски


