Skip to main content

МАКЕГЗИТ (MAKEXIT)

Не дај Боже, ако еден ден на планетава Земја, се случи катаклизма со апокалиптични размери и сé да исчезне, да останат само примитивни, едноклеточни праживотни кои можат да опстанат 200 години без сонце, вода и храна, пак ќе се слуша

                                                            М А К Е Д О Н С К И   Ј А З И К –

                                                                                                                        Ламбе Арнаудов

 Како се вика МАКЕДОНЕЦ на грчки и бугарски? Џабе ти е! Како и да го викаш нема да ти дојде.

Затоа, не е важно каков живот живееш, туку КАКОВ низ животот одиш.

МАКЕДОНЕЦУ! Ти, секогаш и во најтешките времиња, научен си да одиш гордо исправен со главата горе, стоиш здраво и гледаш право! Затоа си ВЕЧЕН.

МАКЕДОНИЈО!  МАКЕГЗИТ (MAKEXIT)!

Излегувај уште додека не си влезена. Европа Не те заслужува. Премногу си благородна за во таква збирштина.

Триесет години, се жртвуваме и саможртвуваме, ни едно поглавје сериозно не отворивме, заради тоа мислам дека сто (100) години ќе преговараме за да излеземе.

Од тука сметам дека паралелно треба, од еднаква стартна позиција, да ги почнеме преговорите и за влез и за излез, па кој прв ќе стигне до целта нека е со среќа таа позиција.

Мислам пофер понуда нема.

Знам, читателите ќе ме прогласите за луд. Како може од нешто да излезеш, а уште не си влегол. МОЖЕ!

Во таа глобална здравствена институција каде место делегати совесни, способни политичари, умерени и правични аналитичари, царуваат АМАНДМАНИСТИ со авантуристички дух кои мислат дека со амандмани се создава и руши народ, јазик, идентитет и сите останати национални атрибути на една нација, а мнозинството, без размислување прифаќа, МОЖЕ.

Да, да бев луд сигурно и јас ќе бев дел од срамните структури на институциите на Европската Унија.

За право, да, сум бил член делегат, пред триесет и нешто години. Видов и почувствував сé од внатре и од прва рака.

За среќа моја, а за срам голем тогаш бев НЕПОЛНОПРАВЕН ЛУД во тоа полноправно семејство.

Срамота голема и грев е денес, во срцето на демократијата, каде што се проповеда комплетен ЕРЕС, повеќе од половина Европа, да се нарекуваат неполноправни земји членки, неполноправни народи, неполноправни членови, неполноправни комисии, сé на сé неполноправни луѓе граѓани РОБОВИ.

Стани, почитуван господини Роберт Шуман, втемелувачот на зачетоците на Европската Унија во ликот на Европската Заедница за јаглен и челик, со твојата блескава и благородна иницијатива, за да спречиш војни, страдања, егзодуси и неправди. ТЕБЕ ТИ БЛАГОДАРАМ!

Ама, јункерите кои те наследија ТЕ урнисаа и ТЕБЕ и идејата.

Стани да ги погледнеш во лице и да им го видиш образот поцрнет од јаглен и душата ладна како челик.

Стани господнине ШУМАН и еднаш за секогаш избриши го најсрамниот израз на денешницава НЕПОЛНОПРАВЕН.

Овие, денешниве, тоа ниту можат, ниту знаат, ниту пак сакаат да го направат.

ТИ и сите твои истомисленици бевте ВИТЕЗИ од прв ред, за разлика од овие АМАНДМАТИСТИВЕ злогласни, примитивни, недораснати КАТАСТРОФИЧАРИ.

Мој мили МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, си издржал многу, многу потешки времина и бремина. Ќе го премостиме и ова. И тогаш ќе ни е послатко.

Правдата сигурно ќе дојде, ако не, сами ќе ја донесеме.

Знаеш тоа да го направиш, имаш искуство, често во минатото си го правел. И сега ќе го направиш перфектно.

ТИ СИ МАКЕДОНЕЦ, ТИ СИ ВМРОВЕЦ.

А, тогаш, убеден сум многу скоро сите златни, сребрени, бронзени медали, крстови, одликувања и грбови ќе засветлат со полн сјај на твоите машки гради, слеани во еден единствен медал.

М Е Д А Л   Н А   Ч Е С Т А.

Поврзани вести