“Ќе биде неодговорно и предавнички од мене како претседател на македонската влада ова да го игнорирам и на поданички и полтронски начин да се повлекувам мислејќи дека на тој начин ќе ги решам проблемите. Јас сé додека сум жив и се занимавам со оваа работа ќе се борам овие неправди да бидат исправени во 21 век. Кога мене ќе ме нема и нема да ја вршам оваа работа, тогаш останува на генерациите по мене.
Но, мора да имаме институционална трага дека сме се бореле, не сме го напуштиле бојното поле и не сме биле издајници на македонскиот народ и на македонскиот идентитет.“Христијан Мицкоски
-стои во одговорот на Претседателот на Владата на Македонија за сé уште до крај нерешеното “МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ“
ХРИСТИЈАН! Знаевме дека доаѓаш. ТЕ Чекавме!
И, со должна почит, патриотизам и родољубие секако ги прифаќаме и со радост се придружуваме кон повикот до сите МАКЕДОНЦИ овде во МАКЕДОНИЈА, во целата географска, етничка територија на МАКЕДОНИЈА, насекаде во дијаспората во Европа, Канада, Америка, Австралија и секаде низ целиот свет каде што нé има, да се обединиме и да прославиме конечно решение на МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ праведно за нас МАКЕДОНЦИТЕ.
Само така ќе успееме!
Македонското прашање е наша работа. Македонска работа.
Ние, МАКЕДОНЦИТЕ судбински сме предодредени да ја чуваме иконата на светот, МАКЕДОНИЈА, облечени во најчистата кошула (риза) на совеста на човештвото.
Наша света должност е со подеднаква и нераскинлива љубов да бидеме столбови на нашите семејства, нашиот народ, нашата татковина МАКЕДОНИЈА и сите добронамерни и честити луѓе кај нас и во светот.
Исто така, се заветуваме дека никогаш нема да дозволиме иконата Македонија да биде на било каков начин, во било кое време или некаде осквернавена, оштетена, подгорена или пеплосана од било кој што имал такви намери, енергично да го одвратиме непријателот, да ја одбраниме Македонија и да го поразиме до нога за никогаш повеќе да не му падне на ум таква будалеста и несериозна и погубна авантура по нив клетите.
Исто така, се обврзуваме нашата чиста кошула на совеста на вечната борба за Македонија нема да ја извалкаме, калосаме, не дај Боже да ја соблечеме со знаење или на сила, ниту пак по грешка.
Единствено можеме да ја осветиме со нашата благородна течност што тече во нашите жили за Македонија, и тогаш и само тогаш да ја зацрвенеме како најскап подарок и украс , црвена роза за најсаканата, за татковината.
Благодариме што со твоите цврсти ставови ги разгали нашите срца, ги облагороди нашите души, ја благослови нашата борба и ја бетонира нашата исконска КАУЗА за на век.
Ќе биде така сé додека Македонија не биде оригинална држава со сите нишани и државни атрибути, признат идентитет, македонски јазик, сопствена историја и посебност на нашата припадност и нација Македонци.
Многу е полесно сега кога Вие Претседателе заедно со вашите соработници, прекалени борци за каузата, членови и симпатизери и милиони, милиони Македонци сме едно срце, една душа, една мисла.
По кој знае кој пат, патриотизмот и родољубието ги прегазија непријателите, ги разубедија неопределените, ги подигнаа потклекнатите, ги исправија свитканите, ги разбудија заспаните, ја умножија љубовта, ја вратија надежта и зацврстија верата во нашиот исправен пат и незапирлив од кон замисленото, што е прво спасение, а потоа воздигнување до небеса на чувството но и жртвата што сме спремни да ги положиме на олтарот на Македонија.
Сите заедно, под ваше лидерство, сложно изградивме стратегија, мисла современа, но никако не напуштајќи ги основните изворни принципи на македонската кауза, длабоко внедрена во нас сите.
Ќе се однесуваме европски и светски, културно и цивилизациски бидејќи на тоа нé обврзува, ни прилега и произлегува од нашата дамнина како лулка на овие силни вредности и општочовечки достигнувања.
Но си го задржуваме правото доколку некој тргне на нас дивјачки, сурово и безобзирно, да возвратиме на соодветен начин.
Со Господата – Господски , Со Тираните – Тирански.