
Не можеше да се замисли и режира вакво среќно совпаѓање на заедничко чествување на роденденот на ВМРО со историската победа на локалните избори, како роденденски подарок од македонскиот народ кон своите основачи на партијата, втемелувачи на самостојна независна држава МАКЕДОНИЈА, непресушен извор на инспирација за родољубие и патриотизам, силната верба во моќта и снагата на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, редефинирање на МАКЕДОНСКОТО “ДНК“ во истрајно победничко и самоуверено ЕГО на МАКЕДОНЕЦОТ, вткаено вечно во срцето и разумот. Но, нешто посебно што мене ме импресионира и дополнително ме восхити е нивното непогрешливо пророштво, со кое овие величествени народни трибуни, авангардни водачи и организатори, однапред предвиделе како ќе се одвиваат настаните во следните два века, можеби три.
Ваква хируршка прецизност во толкување на редоследот на настани однапред предвидени, што ќе се случува во овој долг историски, мошне значаен период за МАКЕДОНИЈА внатре во организацијата, кај народот, но и точно означени временски, историски и географски промени на геостратешките состојби во/на Балканот, Европа и светот.
Доволно е историско филозофска и политичка мисла наведена во низа документи од страна на овие шестмина СОЛУНЦИ и изборот на градот каде се создаде ОРГАНИЗАЦИЈАТА, во тогашниот и иден главен град на МАКЕДОНИЈА – СОЛУН, распослана на 77741 квадратен километар, говори недвосмислено за нивното пророштво, заветот оставен во аманет на идните генерации и сигурно осветлениот пат низ историјата, за тоа како треба да се однесуваме, бориме, да бидеме обединети и истрајни, да бидеме разумни, државата да ја градиме со помош на пријатели, како впрочем се прави куќа, дом, но да се знае дека главните инвеститори во тој проект: НЕЗАВИСНА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА сме ние МАКЕДОНЦИТЕ.
Таа, инвестицијата, ние веќе однапред ја имаме исплатено и преплатено, со крв, жртви, саможртви, егзодуси, страдања, понижување, поделби но за жал вештите политички ( коцкарски ) крупиеја под стол ги делат картите во нивна корист, а за наша несреќа.
Оваа брилијантна генерација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, кој што ни за милиметар не отстапува од изворните принципи на историското ВМРО сега персонификација во ВМРО-ДПМНЕ, на радост на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, која што ги препозна, ги догради и надгради основните принципи, начела и програми на КАУЗАТА, силно ја зграби приликата, свесни дека е последна, маестрално ја одигра својата улога доверена од народот и го положи најтешкиот испит со чиста не десетка – 10 туку со дванаесетка – 12.
Ете сега некој нека го оспори конзервативизмот како наша трајна определба во партијата, сеќавањето поврзано со минатото, пораките испратени до сегашноста и успешно пренесени на идната генерација, сите тие исткаени конци од вешти мајстори направија да нема никаков и никогаш застој во нашата борба за КАУЗАТА.
Повеќе од јасно е дека ВМРО е најдолготрајниот и најсветол изум во историјата на пронајдоци што и понатака стои исправено, опстојува вечно и никој ништо не му може.
Се прашуваат луѓето со право каква/која е тајната, од каква градба е направена ОРГАНИЗАЦИЈАТА, од што се излеани цврстите не`рѓосувачки врзивни материјали, та ниту забот на времето ниту луѓето ниту било кој овоземен силник ништо не му може!? КОНСПИРАТИВНОСТА !
Удриле на ВМРО, си ја скршиле главата, а ние нашите глави сакаме да си ги сочуваме, зошто се наши, но и космополитски, никого нé негираме, напаѓаме, не газиме, не создаваме несреќи, не правиме вештачки делби, но МАКЕДОНИЈА не ја даваме.
МАКЕДОНЕЦОТ денес е храбар, мудар, истраен, знае да ја сочува својата татковина, но при тоа и да не ги изгуби своите глави.
Доста беше од таква несреќна судбина, напатеност и неизвесност.
Судбината која што ни доаѓа не ни е однапред сега, како порано, одредена од други. Таа е плод на нашите мисли, одлуки, решенија кои што во овој момент ги носат луѓето кои ја водат државата како што и прилега на една модерна, економски силна, безбедна, социјално изградена и со внатрешна и меѓународна политика на највисок степен оценета, призната од независни и стручни овластен авторитети.
Потврда за сето ова е тоа што никогаш порано и никаде во светот, после 16 месеци централна власт рејтингот на партијата и на премиерот посебно, постојано да е во пораст, на задоволство на сите граѓани, од практикувањето и водењето на државата во вистински насоки од вистински херои.
И другите актуелни херои од локалната власт заслужуваат посебна почит и признание.
ВМРО-ДПМНЕ повторно ги кандидира истите победници во локалната власт од пред четири години во 95% од вкупниот број сегашни кандидати.
И, народот верува, народот со уште поголема верба, благодарност и зголемена доверба им додели заслужено МАНДАТИ.
Поголемо признание ниту јас, ниту било кој друг може да замисли и додели.
Меѓусебната доверба, сплотеноста на партијата со народот, дава и во иднина уште позасилено ќе испорачува резултати.
Основачи, втемелувачи, народни трибуни, знам дека гледате високо од Рајот, место што со свето дело и посветеност го заслуживте и се радувате што според вашите пророштва дојдоа генерации кои го остварија вашиот сон а наша е задачата да го сочуваме и заветот и аманетот и МАКЕДОНИЈА за ВИЕ мирно да почивате.
СРЕЌЕН КОЛЕКТИВЕН РОДЕНДЕН И ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР, НО И РАДУВАЈТЕ СЕ!
ИМАТЕ ЗОШТО!

Македонски









