Skip to main content

УНИБанка со изменети и намалени надоместоци за физички и правни лица

Во пресрет на приклучување кон СЕПА платежна област (единствена област за плаќање во евра за физички и правни лица), следејќи ги барањата на клиентите, како и препораките на Народна банка на РСМ, УНИБанка АД Скопје изврши измена во тарифите на меѓународните плаќања преку СЕПА, а истовремено ги намали и надоместоците за користење на услугите во МИПС, како за физички така и за правни лица.

Со оваа одлука Банката покажува прилагодливост кон потребите на клиентите, а истовремено ги следи и почитува институционалните препораки.

Кај клиентите правни лица повеќекратно се намалени просечните тарифни провизии за плаќањата во СЕПА во однос на постоечките тарифни ставки, соодветно се прилагодени надоместоците и во пакетите за правни лица, со што стануваат уште поатрактивни за клиентите.

Пакетите за правни и физички лица вклучуваат најчесто користени банкарски услуги и плаќања во една цена и истите се прилагодени согласно потребите и големината на клиентот.

За физичките лица кредитните трансфери во СЕПА започнуваат од 1 еур, Банката не предвидува надоместоци за приливи, вклучително и по основ на странски плати и пензии.

Приклучувањето кон СЕПА ќе овозможи побрзо, поевтино и поефикасно извршување на плаќања во евра, како на национално, така и на прекугранично ниво. Банката периодов интензивно работи на сите неопходни процеси со цел да им ја овозможи на своите клиенти услугата СЕПА кредитен трансфер, која ќе стартува на 7 октомври 2025 година, од кога стартува и измената на тарифата.

Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери кон сметки во други банки преку платниот систем МИПС, со намалување и до 40% на трансферите извршени преку електронско банкарство.

Со измените на тарифните надоместоци УНИБанка ја поддржува дигитализацијата на платниот промет во земјава, ги стимулира граѓаните и компаниите да преминат на електронски плаќања, и воопшто придонесува кон воспоставување на еден поефикасен и поевтин платен промет. Потврдува дека е современа европска банка и партнер на своите клиенти во секоја фаза од нивниот развој, како локално така и на меѓународно ниво.

Поврзани вести