
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, и годинава безрезервно ја поддржа кампањата за одговорно дарување, со цел зголемување на јавната свест за ризиците од вклучување на лица под 18 години во игрите на среќа. Кампањата за одговорно дарување ја организираат Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Meѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил.
Како општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија активно поттикнува кампањи за одговорно играње, со посебен акцент на превенција од прекумерното и проблематично играње. Континуирано работиме на едукација на играчите за опасностите од компулсивното играње. Во 2019 година компанијата го формираше СОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја, и ја активираше СОС линијата со телефонска поддршка и електронска комуникација. Зад оваа линија стои стручен тим составен од психолози и психијатри, кој обезбедува советодавна и поддржувачка помош.
Во рамки на проектот „Играј одговорно“, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, беше одржано едукативно предавање со цел подигнување на свесноста кај младите за ризиците и опасностите од прекумерно играње игри на среќа. Слично предавање беше реализирано на 04.12.2025 и за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола.
Бројни истражувањата укажуваат дека изложеноста на игри на среќа во најрана возраст, може да ја зголемат веројатноста од развивање проблематична страст кон коцкање. Изложеноста во периодот на детството најчесто е можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик. Лотариските производи не се соодветни подароци за децата, во ниеден случај.
Со приклучувањето кон кампањата „Премлади за игра“, Видеолотарија Касинос Австрија активно учествува во:
• едукација на заедницата за ризиците од коцкањето кај младите;
• промовирање одговорни практики за игри на среќа, особено за време на празничните периоди;
• поддршка на националните и меѓународните напори за превенција од проблематично коцкање.
Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува дека право на учество во игрите на среќа имаат исклучиво лица над 18 години, согласно законските регулативи и принципите на одговорно приредување игри на среќа.

Македонски






