
Тројца хрватски планирани се однесени од лавина која се спушти под врвот Тоска, на Јулиските Алпи, во Словенија.
Во тек е спасувачка акција, повикани се и полицијата и шумските спасувачи.
Според првите информации, тројцата хрватски државјани се водат како исчезнати откако ја напуштиле групата во Водниковата куќа во Веле Поле. Информацијата ја потврдип олициската управа од Крањ.
Според досега познатите информации, седум хрватски државјани престојувале во Водниковата куќа во Веле Поле. Четворица останале таму, додека тројцата го продолжиле своето патување и покрај лошите временски услови. Наводно, тие биле однесени од лавина која попатно се активирала.
На терен интервенираат горските служби за спасување во Радовљице, Бохиња и Јесенице, како и полицијата. Хеликоптерите моментно не можат да летаат поради лоши временски услови.
Полицијата најави дека подоцна ќе достави повеќе информации за несреќата.