
Претседателот на Буфарија, Румен Радев, по телефонски разговор со македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите во Бугарија.
Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето“, напиша шефот на бугарската држава на „Х“.
Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените региони е ограничен.
Во поплавите загинаа четири лица, а активностите за справување со последиците продолжуваат при што доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата, обезбедување на населението и нормализирање на секојдневниот живот.