Skip to main content

Коњановски вети нов булеварски влез од Охрид

Изминатите четири години поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надградува една модерна и чиста Битола, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

Тој истакна дека Битола станува велоград со изградени над 5 километри велосипедски патеки, а во градот голем дел од училиштата стануваат енергетски ефикасни по реконструкцијата.

-Битола е лидер по бројот на добиени проекти преку двата повици од унгарскиот кредит. По првиот повик добиени се 15 проекти, а со вториот повик добиени 65 проекти. По овие два повици, 1 милијарда денари се вложуваат во Битола, истакна Коњановски.

Во однос на проектите за следните четири години, Коњановски го нагласи новиот булеварски влез од страната на Охрид.

-Уредување на јавниот превоз е една од најзначајните предизвици во овој мандат. Набавката на современи автобуси, дигитализација на постојките и редовен градски превоз до сите населени места ќе овозможи растеретување во сообраќајот и зголемено користење на јавниот превоз од граѓаните. Коритото на еден од битолските симболи, реката Драгор, во следниот период ќе биде уредено по светски стандарди. Паралелно со коритото ќе бидат реконструирани мостовите и пешачките патеки, посочи Коњановски кој додаде и низа други проекти.

Потенцираше дека со исто темпо се работи и во руралните средини и пристапот до нив.

Поврзани вести