
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
За викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.
До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.