
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на пленарната седница во Стразбур на први октомври, по 26 години одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Бугарија и да ги следи случувањата во земјата во рамките на своите периодични прегледи, пишува „Дојче Веле“.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, заслугите за таа одлука, исто како и за вклучувањето во Шенген и во Еврозоната – ги припиша на владејачкото мнозинство во земјата.
ПССЕ години го укина механизмот за мониторирање на Бугарија. Две години се правеа секакви проверки, а вчера сите во Европа, со исклучок на Македонија, гласаа за укинување на механизмот“, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Извор Дојче веле