
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја поддржа предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија – АЛТЕА во Босна и Херцеговина и ја проследи на понатамошна постапка во Собранието.
На денешната 52. седница на Комисијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја образложи предлог-одлуката.
– Се работи за тековна одлука за испраќање припадници од Армијата во меѓународната операција на Европската Унија – АЛТЕА во Босна и Херцеговина, 32 припадници праќаме во период од шест месеци, сметано од ноември 2026 година до мај 2027 година. Сите трошоци се обезбедени во буџетот на Министерството за одбрана – појасни министерот за одбрана.

Македонски


