Skip to main content

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување

Министерот за здравство Сашо Клековски веќе имал средба со лекарите во Белград, а во Софија ќе патува в понеделник за да се прецизираат деталите за понатамошното лекување и сложените операции за повредените млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Клековски, денеска, по посетата на Клиничката болница – Штип, најави дека следната недела ќе има средба и со повредените во Кочани.

– Во понеделникот бев во Белград и имав средба со министерот Лончар за да ги прецизираме деталите. Следната недела, в понеделник, ќе бидам во Бугарија на средба во Софија со нивната министерка. Очекувам со тоа да ги финализираме ставовите за следната фаза на лекување на повредените од Кочани. Следната недела планирам да одам во Кочани, да имам средба со повредените и да им соопштам каков е планот – изјави Клековски по посетата на штипската болница.

Поврзани вести