
Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека бугарското општество и институциите не прифаќаат никакви манифестации на ксенофобија, расизам и антисемитизам и оти бугарскиот народ низ вековите ја докажал својата толерантност кон различните етнички и верски заедници.
Тој потсети и на спасувањето на бугарската еврејска заедница за време на Втората светска војна, оценувајќи дека тоа претставува морален пример за Европа.
Радев во обраќањето заборави да ги спомене 16-те пресуди во корист на ОМО Илинден Пирин пред Судот за човекови права во Стразбур и игнорирањето на македонското малцинство.
Нашинците во Бугарија со години се борат да бидат регистрирани како партија и да им бидат овозможени основните права како малцинство.

Македонски


