Skip to main content

Нестандарден, но превкусен сос: Песто од наут со стебленца од брокула

Magnific

Откако ќе ги искористите цветовите од брокулата за готвење, често се прашувате што да правите со стеблото. Со нив може да направите песто од наут и стебленца од брокула.

Неговата популарност е неспорна, а некои дури го сметаат пестото за еден од најдобрите сосови.

Состојки:

  • 1 стебло од брокула (околу 110 грама исчистено)
  • 240 грама наут од конзерва
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици маслиново масло, сол
  • исцеден сок од ½ лимон
  • 2 лажички потпечен сусам

Подготовка:

 Отстранете го тврдиот надворешен слој од стеблото на брокулата. Исечете го излупеното стебло на парчиња и сварете го во солена вода. Откако ќе се свари, исцедете го и веднаш изладете го во ладна вода.

Во исцедениот наут додајте ги свареното стебло од брокула, исецканиот лук, маслиновото масло, лимонот и сусамот. Посолете по вкус, а потоа сè заедно изблендирајте со рачен блендер за да добиете песто.

Користете го пестото како намаз за сендвичи или крекери, како додаток, или како прелив за салати со тестенини.

Совет:

Чувајте го пестото во фрижидер сè додека не биде подготвено за сервирање. Може да се чува неколку дена.

Поврзани вести