Skip to main content

Вариво со брокула, крем и вино

Magnific

Фино вариво со цветови брокула, крем и вино, послужете со листови пржена пршута и уживајте во нежната и крцкава комбинација.

 Состојки:

  • 300 грама компири
  • 800 мл бујон
  • сув зеленчук, бибер
  • 300 грама цветови  брокула
  • 50 мл бело вино
  • 100 мл павлака за готвење
  • 2 парчиња пршута

Подготовка:

Во 800 мл бујон, додадете компири сецкани на парчиња и гответе на тивок оган 20 минути, потоа додадете брокула, сув зеленчук, бибер и гответе уште 5 минути. Измешајте вино и павлака за готвење и додате во варивото.

Гответе додека стане кремасто. На крај посипете пржени листови пршут.

Поврзани вести