Skip to main content
На приватна средба во ОН

Зеленски повторно побарал од САД ракети „Томахавк“ за напад врз Русија

Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно побарал од САД ракети „Томахавк“ за напад врз Русија.

Како што објавува „Телеграф“, на состанок зад затворени врати во ОН, Зеленски директно го замолил американскиот претседател Доналд Трамп за испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ и наговестил дека Кремљ би можел да биде цел доколку се набави такво оружје.

Според изворите, целта е „да се принуди Путин да седне на преговарачката маса“. „Томахавките“ се крстосувачки ракети кои имаат дострел од над 1.600 км, се лансираат од бродови (разорувачи/фрегати) или нуклеарни подморници и не се предаваат лесно. Постои и опција за лансирање од копно – мобилни лансери како новиот „Тајфун МРК“, но ова е многу нов и редок дел од опремата во САД, а нивното давањето на Украина е речиси невозможно.

Покрај тоа, како то пишува весникот, Зеленски веќе побарал од администрацијата на претходниот американски претседател Џо Бајден вакви ракети, но бил одбиен.

Порано, Зеленски изјави дека ако Украина добие оружје со долг дострел од САД, тоа ќе биде употребено против Русија, но Трамп го предупредил да не ја таргетира Москва.

Поврзани вести