
Вечерва, на 26 септември (петок), со почеток од 20 часот во Бифе Тафталиџе ќе биде отворена изложбата за животот и делото на актерот Ристо Шишков, под наслов „Спиеме на духовни огнови, се грееме на вчерашни весници“. Изложбата ја организира неговото семејство.
Изложбата е составена од 17 професионални фотографии (дел од филмови, дел од театарски претстави на Ристо Шишков) и е од отворен карактер.
Ристо Шишков (23 март 1940, Мрсна – 17 јуни 1986, Скопје) — истакнат македонски филмски и театарски глумец.
Ристо Шишков беше истакнат театарски и филмски актер. Беше роден во 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, а почина во 1986 година. Првите негови глумечки искуства ги почнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар „Антон Панов” во Струмица. Таму ги одиграл улогите во претставите: „Ноќи на гневот“, „Лажливец“ како и „Круг со креда“.
Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами.