
Маж е уапсен поради наводен кибернапад што предизвика нарушувања на Хитроу и други европски аеродроми, објави денеска ДПА.
Британската Национална агенција за борба против криминалот (НЦА) денеска соопшти дека осомничен во 40-тите години е уапсен вчера во Западен Сасекс под сомнение за злоупотреба на компјутери и е ослободен со кауција.
Заменик-директорот Пол Фостер, раководител на Националната единица за кибер криминал на НЦА, изјави дека „иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата за овој инцидент е во рана фаза и сè уште е во тек“.
-Кибер криминалот е постојана глобална закана што продолжува да предизвикува значителни нарушувања во Велика Британија, рече тој.
Овој кибернапад ја погоди и американската компанија Колинс Аероспејс, давател на аеродромски услуги, овој месец, нарушувајќи ги системите за пријавување и качување на аеродромите Хитроу во Лондон и оние во Брисел, Берлин и Даблин.