
Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во Пулс, вели Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува.
Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска.
И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои.
Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси“, вели Пешевска.