
Кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи не може да се помири со изјавата на премиерот Мицкоски дека ДУИ џабе се надеваат дека по локалните избори ќе има предвремени парламанентарни избори и оти тие место Вреди ќе влезат во владата. Османи упорно тврди дека Мицкоски праќал емисари и оти буквално ги молел да влезат во владата.
Албанците нема да станат валута за трговија некој да одлучува кој влегува, а кој излегува од владата.Веднаш по изборите ќе има парламентарни избори, а победникот на народната волја нема да го земе никој туку ќе го стави мандатот на маса и ќе преговара за ко-владеење, вели Османи.