
Пред малку изби голем пожар на отворен простор над скопското село Батинци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, зафатени се трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина.

Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС. На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али, соопшти Ангелов.

Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар, додава Ангелов.