Skip to main content

Во Прилеп почнува детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“

Со претставата „Мачорот во чизми“ на велешкиот театар, вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворен детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“.

Фестивалот, кој по шести пат се одржува ќе трае до петок, 19 септември, и детската публика во Прилеп ќе може да ги види и претставите: Снежана и седумте џуџиња“ на театар Битола, „Ивица и Марица на Мал театар Прилеп, а в четврток е претставата „Пепелашка“ на струмичкиот театар.

Фестивалот ќе понуди и работилници за децата – танцова, ликовна и театарска работилница, со што ќе биде и затворен, за најмладите да се запознаат со магијата на уметноста.

Фестивалот е настан за кој не се зборува само како за претстави на сцена – тој е празник за секое дете, за секој родител и секој учител кој верува дека светот станува подобар кога во него има повеќе уметност. Замислете дете кое првпат гледа театар, кое ја открива моќта на приказната што оживува пред неговите очи – тоа чувство на чудење и возбуда е срцето на „Силјан Штркот“, вели Марија Спиркоска Илијеска од организацијата на Фестивалот.

Организатор на детскиот театарски фестивал „Силјан штркот“ е здружението „Мал театар“ од Прилеп и финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести