Skip to main content

Николоски: Воена болница добива нов лик, ќе добиеме најмодерна бoлница во држвата

Фото: Министерство за транспорт

Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу.  

Тој додава дека ова е проект кој го работат во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот.

-Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хирушкиот блок, на блокот за патологија, биохемија и целосно опремување по најморедни стандарди, вели вицепремиерот Николоски.

Како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласува оти она што е многу значајно е дека докторите ќе добијат добри услови за работа, а пациентите ќе добијат најмодерна болница во целата држава.

-Драго ми е што во една соработка со ТАВ ова успеваме да го реализираме и се надевам дека ќе имаме други општествено корисни проекти, истакнува потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Поврзани вести