
Професор д-р Марија Срцева е избрана за претседателка на Здравствениот совет, советодавно тело на министерот за здравство.
Согласно Законот за здравствена заштита, Советот е составен од девет члена, едминентни професори, доктори на науки во различни специјалности, од кои дел се и меѓународно признаени експерти со импресивни биографии и стручни трудови.
Првата конститутвна седница на Здравствениот совет се одржа на 10 септември, на која присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта е Здравствениот совет тековно и континуирано да ги анализира прашања од областа на здравството, да даде стручен придонес при подготовката на предлог-закони и подзаконски акти, како и стручни мислења и предлози во различни области од делокругот на работа на Министерството. Денешната дискусија беше иницијална, за повеќе различни аспекти кои во следниот период советот подетално ќе ги анализира. Уверен сум дека ќе имаме успешна и плодна соработка, порача министерот Алиу.

Инаку, членови на Здравствениот совет се: проф.д-р Сашко Кедев, проф.д-р Марија Срцева, проф.д-р Азис Положани, проф.д-р Виктор Камнар, проф.д-р Светозар Антовиќ, проф.д-р Игор Кафтанџиев, прим.ас.д-р спец. Фадил Цана, спец.д-р Злате Мехмедовиќ, и доц.д-р Илир Вела.
