
На 25 август, во рамки на 16. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, македонската публика ќе има можност да го погледне новиот долгометражен документарец „Планината не оди никаде“ на словенечката авторка, режисерка и продуцентка Петра Селишкар.
Куршумли ан, во 21:00 часот
Филмот, кој е словенечко–француско–македонска копродукција, ја раскажува инспиративната приказна за тројца браќа овчари кои живеат со своето стадо на 2.400 метри надморска височина во македонските планини. Живот исполнет со детска игра, напорна работа, но и прашања за смислата на животот и иднината.
Режија: Петра Селишкар, Сценарио: Петра Селишкар, Танкред Ривиер, Камера: Бранд Феро, Монтажа: Лорелин Делорм, Сашко Потер Мицевски, Звук: Жил Валер, Музика: Изток Корен, Продукција: Петра Пан Филмс, Сара Феро – PPFP, Виктор Еде – Синефаж Продакшнс
Филмот ја имаше својата светска премиера на 5 април на престижниот фестивал Visions du Réel во Нион, Швајцарија, а на македонската премиера ќе присуствуваат и самите протагонисти – браќата овчари, како и дел од авторската екипа.