
Висината на националниот долг, во комбинација со високата инфлација и даноците, значи дека Велика Британија повеќе не може да смета на одржување на својата солвентност. Сосема е можно земјата да мора да побара пари од ММФ, што би било вистинско понижување,објавува британскиот „Телеграф“.
Како што коментира весникот, почетокот на падот се случи во 1997 година, кога Лабуристите дојдоа на власт, а следните 28 години беа карактеризирани со неумоливо поткопување на конкурентноста на Велика Британија и темелите на некогаш динамичната пазарна економија.

Ниту еден нов резервоар не е изграден за 30 години, ниту еден нов автопат за 22 години. Оние сектори на економијата што ја докажаа својата ефикасност се уништени.
Во 1960-тите, Аргентина беше една од најбогатите светски сили, а оваа година беше принудена да побара 23-ти пакет за спасување од ММФ. Ужасната вистина е дека Велика Британија сега ризикува да ја повтори судбината на Аргентина, приклучувајќи се на листата на „некогаш богати“ земји.