Skip to main content

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска продолжи во општина Кавадарци.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски нагласил дека на ниво на општина има над 7.000 хектари под лозов насад.

Без разлика дали се работи за голема или мала општина, целта на кампањата е да се посетат сите краеви во нашата држава за да поразговараме за сите досегашни активности, за сите моментални активности. И една од поважните цели на оваа кампања е да ги слушнеме земјоделците, за во каква насока треба да се движи македонското земјоделство“, истакнал Трипуновски.

Поврзани вести