Skip to main content

Референдумот во Република Српска на 18 или 25 октомври, одлучи владејачката коалиција

Референдум за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на ЦИК за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ќе се одржи на 18 или 25 октомври, беше одлучено на состанокот на владејачката коалиција.

Датумот ќе биде вклучен во Одлуката за распишување референдум, што ќе се најде в петок на седницата на Народното собрание на Република Српска, јавија бањалучки медиуми.

Со тој датум, оставено е доволно време измените на Законот за референдум и граѓанска иницијатива, како и Одлуката за референдум, да поминат низ сите нивоа на донесување одлуки – Народното собрание, а потоа Советот на народите и Уставниот суд на Република Српска во случај на покренување прашања од витален национален интерес.

На 18 август, Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на правниот тим на Додик против одлуката на ЦИК на Босна и Херцеговина за одземање на неговиот мандат.

На седница на 6 август, ЦИК на Босна и Херцеговина донесе одлука за престанок на мандатот на Додик поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

Поврзани вести